Шенон Доерти (48) се бори против тумор во фаза 4 со поддршка на нејзините најблиски.
Ѕвездата од серијата Беверли Хилс 90210 отворено зборува за тоа дека неколку нејзини пријатели се со неа, поддржувајќи ја да води помирен и поздрав живот додека се бори со карцином.
– После една година борба против ракот што се враќа и други стресови, повторно се навраќам на тоа – напиша 48-годишната актерка.
– Се грижам за себе и станувам храбара секој ден. Не е секогаш лесно. Имам денови кога сум депресивна или само мрзлива. Но, јас туркам со помош на пријатели.
Шенон ја спомна нејзината пријателка Ен-Мари Кортрајт, изјавувајќи дека е немилосрдна во нејзината одлука да ја однесе на пешачење и да ги научи нејзините нови начини на готвење, „кои ја хранеа мојата душа, како и мојот стомак, но на многу здрав начин“.
– Се чувствувам подобро. Кожата ми е жива како и јас.
Актерката на својот профил на Инстаграм додаде селфи, а исто така објави фотографии од здравите оброци кои Кортрајт и ’ги препорачала.
Во февруари, Доерти откри дека нејзиниот карцином на дојка се вратил откако отиде во ремисија во 2017 година.