Радио Милева
закани?

Позната пејачка и се заканувала на покојната Марина Туцаковиќ и не ја оставала на мир: „Ќе те уништам“

Позната пејачка и се заканувала на покојната Марина Туцаковиќ и не ја оставала на мир: „Ќе те уништам“

Еден од најпознатите текстописици во регионот, Марина Туцаковиќ по долгата борба со опасната болест почина на 19 септември.

Таа напиша бројни текстови на бројни познати пејачи кои и денес денес се хитови и важат за едни од најслушаните песни.

По смртта на тесктописецот испливаа морничави детали од нејзиниот приватен живот, а сега се појавија написи дека наводно една пејачка чиј идентитет не е откриен и се заканувала на Туцаковиќ.

„Таа немаше успех со својот нов албум, таа пејачка и се јави на Марина и бараше да и ги врати сите пари“ вели добро известен извор и додава:

„Се жалеше дека песните се катастрофа, дека не се слушат ни на радио, а да не зборува за настапи. За се ја обвинуваше Марина како таа да може да гарантира дека се што ќе напише ќе биде бомба. И викаше: „Ти дадов пари однапред, на што личи ова? Ќе го видиш ти Господ, ќе те уништам“, се заканувала наводно пејачката, а пишуваат српските медиуми..

Инаку, исто така се пишуваше дека Марина оставила тефтер во кој запишувала кој купил песни од неа, кој плаќал на рати, а кој останал должен и наводно нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа ќе открие кои познати се должни и ќе ги бара парите.

фото: Дамир Дервишагиќ/Лука Шараќ

Останати вести од Радио Милева