Радио Милева

Повторно слободна: На Елена Ристеска и Филип не им било судено да останат заедно?! (видео)

Повторно слободна: На Елена Ристеска и Филип не им било судено да останат заедно?! (видео)

Пред неколку месеци естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ обелодени дека пејачката Елена Ристеска е во врска со Филип Арсовски, момче кое е сопственик на еден скопски ресторан.

По неколку дена Елена ја потврди информацијата дека навистина има некој во нејзиниот љубовен живот, но беше резервирана да открива детали.

Пред околу еден месец пак, на изненадување на медиумите и јавноста, Елена за првпат по разводот се појави на јавен настан заедно со Филип, а тоа на некој начин како да беше знак дека нивната врска оди во сериозна насока.

фото:филип асровски/инстаграм

Сега „Бекстејџ“ повторно прочепка по приватноста на Ристеска, а шпекулациите до кои дојдоа, се дека Елена и Филип повеќе не се заедно.

Овој пат нема ниту потврда, ниту демант од двајцата, а во видео прилогот се вели дека Елена периодов е посветена само на работатата, односно козметичката линија која наскоро ќе и ја промовира на јавноста.

фото:инсатграм

Кога тогаш, вистината секогаш излегува на виделина, а каква е приказната во нивниот случај најдобро знаат самите. Им беше судено да бидат заедно или пак не, ќе покаже времето.

To top