На 23-ти март во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се случи големиот концерт на Влатко Лозаноски за кој деновиве публиката пројавува неверојатен интерес.
Нема сомнеж дека Влатче со своите хитови кои ги знаат и пеат и млади и стари, ќе ја наполни целата сала, а потоа уште толку повеќе ќе се зборува и пишува за вечерта која ќе биде круна на неговата долгогодишна кариера.
Како што е ред, на концертот покрај Лозано ќе се појават и специјални гости кои што на главната ѕвезда не се само колеги, туку и многу добри пријатели.
Станува збор за близнаците од „Некст тајм“, а нивното гостување го најавија од „Авалон продукција“
фото:фејсбук
Браќата Стефан и Мартин се со години на македонската музичка сцена и во последно време со нивните песни достигнаа милионски прегледи на Јутјуб со препевите на традиционалните песни “Ја излези Ѓурѓо” и “Слушам кај шумат шумите”, за сега конечно да настапат во живо и тоа со нивниот долгогодишен колега и пријател Лозано, на голема и спектакуларна сцена, гласи во соопштението.
фото:инсатграм
Инаку, кон крајот на минатата година Лозано и браќата Филиповски, со кригла пиво и мезе, прославија за десетгодишното пријателство.
фото:инсатграм
Близнаците и Влатко со фотографија на социјалните мрежи пред јавноста покажаа дека не се само колеги, туку одлично функционираат и за да споделат приватен разговор, да седат на јадење, да споделат некој совет еден со друг…