Радио Милева
од лошо-полошо...

Потресни слики од болница по сообраќајната несреќа на бившиот „задругар“ Јовица Путниковиќ: Тешко се опоравува, а свршеницата која е сега во „Задруга 4“, наместо да праша за него – го изневерува! (ВИДЕО)

Потресни слики од болница по сообраќајната несреќа на бившиот „задругар“ Јовица Путниковиќ: Тешко се опоравува, а свршеницата која е сега во „Задруга 4“, наместо да праша за него – го изневерува! (ВИДЕО)

Јовица Путниковиќ, поранешниот учесник во реалното шоу „Задруга“, кон крајот на септември доживеа сообраќајна несреќа и претрпе тешки телесни повреди од кои се’ уште се опоравува.

„Бил со неговиот најдобар другар заедно на мотор. Кога Јовица започнала да претекнува, автомобилот што бил пред него нагло свртел лево и тој се забил директно во него. Тој со сета сила удри во автомобилот, од што го скрши десното рамо, ножната клучна коска, надлактицата, десната подлактица…“ – изјави тогаш сестрата на Јовица, Невена.


Во меѓувреме, Невена на својот Инстаграм профил ги објави првите фотографии од нејзиниот брат по сообраќајната несреќа. Јовица немоќно лежи во болничкиот кревет, а неговата сестра го милува по лицето.


Потсетуваме дека неговите маки не завршуваат тука. Неговата свршеница Маја Марковиќ влезе во „Задруга 4“  непосредно пред неговата несреќа, а и самиот Јовица ја испрати до самиот влез на белата куќа.  Но,  многу брзо после тоа, Ален Хадровиќ започна да и се додворува. Отпрвин таа ги одбиваше неговите додворувања, но како што стојат работите, тие двајца се зближија, а нејзината незаинтересираност за здравствената состојбата на Јовица, шокираше многумина.

Останати вести од Радио Милева