Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ им овозможува на кандидатите да излезат од анонимност и да направат музичка кариера. Токму тоа му се случи на македонскиот учесник Филип Божиновски кој публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015.
Со својот глас, шарм, скромност и едноставност, тој ја освои публиката, но и стигна до финалето, а публиката денес најмногу го познава како Филип – учесникот од „Ѕвездите на Гранд“.
View this post on Instagram
Музиката и денес е неговиот приоритет, а пак кога е во прашање приватноста на талентираниот пејач, тој во 2018 година се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања со која набрзо потоа станаа и родители.
На брачната двојка пред во август 2021 година и се случи најголемиот благослов – станаа родители и добија ќерка.
View this post on Instagram
Нивната наследничка го носи името Софија, а тато Филип набрзо откако таа дојде на свет ја покажа јавно.
Објавуваше доста фотографии како минуваат заеднички момети, но по извесно време таа пракса кај него замре.
Помина некое време откаоо видеата каде е со бебенцето во домашното студио ги снема, па фановите на „Ѕвездата на Гранд“ немаа што многу да видат од семејните моменти на пејачот.
Но, неодамна тој реши повторно да сподели еден ваков приватен момент каде е заедно со сопругата и ќерката. Софија наскоро ќе наполни две години и веќе е потпораснато девојченце.
На тато сега малку му е потешка за држење во, но во приоритет се игрите и се’она што може да го прават мама и тато за да ја направат најсреќна својата најголема радост.
фото:Инстаграм/Филип Божиновски