Радио Милева

„Потонав длабоко во очај“: Џејмс, братот на Кејт Мидлтон проговори за проблемите кои му ги донела популарноста на кралското семејство!

„Потонав длабоко во очај“: Џејмс, братот на Кејт Мидлтон проговори за проблемите кои му ги донела популарноста на кралското семејство!

Џејмс Мидлтон, на јавноста познат како брат на војвотката Кејт Мидлтон, отворено проговори за борбата која со години ја води комплетно сам.

Под лупата на јавноста се најде во 2003 година кога светот дозна за љубовната врска меѓу Кејт и принцот Вилијам.

Џејмс тогаш имаше само 23 години, а за магазинот „Татлер“ призна дека не бил подготвен да се носи со она што му се случило на неговото семејство, откако станало јасно дека неговата постара сестра ќе стане војвотката од Кембриџ.

Според неговите зборови, тој поминал низ еден сложен период и не можел да комуницира со блиските, меѓу кои и семејството и пријателите. “Сите беа загрижени за мене и тие ми пишуваа, но јас не одговорив на нив и потонав длабоко во очај”.

Потсетуваме дека во јануари Џејмс Мидлтон реши да зборува отворено за својата болест, бидејќи ја почитува активноста на принцот Вилијам и неговата сестра Кејт.

Војводата од Кембриџ активно ги поддржува иницијативите за ментално здравје, ги повикува луѓето со ментални болести отворено да разговараат за нивните проблеми и да работат на нив за да добијат квалификувана помош и да бидат интегрирани во општеството.

Така Џејмс ја нарече депресијата “рак на мислата”, а исто така признава дека му е дијагностициран “Синдром на дефицит на внимание”.

To top