Промотер

После Венко, Лиде Лиде со мажите знае и поинаку, а како – секој реплика станува излишна, откако ќе ја слушнете нејзината – „Новогодишна“ (ВИДЕО)

После Венко, Лиде Лиде со мажите знае и поинаку, а како – секој реплика станува излишна, откако ќе ја слушнете нејзината – „Новогодишна“  (ВИДЕО)

Лидија Гиновска, која на социјалните мрежи ја знаете како Лиде – Лиде стана популарна со со своите коментари на објави кај министерот за здравство во оставка, Венко Филипче, сними уште една нова песна. Овој пат „Новогодишна“, истата токму така и насловена.

„Песната е пишувана во најкраток рок. Да имаме нешто новогодишно во ова пандемиско чудо, бидејќи долго нема никој направено новогодишна песна!

Снимено во студиото на Стевче Јаневски. Благодарност до сите што ме поддржувате да не паднам… а другите не знаат поинаку… Епа спонзори покажете се“ – порачува Лиде.

Текстот го напишала самата Лиде со помош на Бате Тане,  музиката и аранжманот ги потпишува Стевче Јаневски (Sekerman), додека камерата и монтажата на новогодишното лирик видео на „Новогодишна“ и го изработело, како што вели едно пријателче.

„Не ме гледај како киндер јајце не е Велигден да редиме зајци, глупо ти е украсено вади лампионите, дојди со мене да jаваш со шампионите…“ – порачува Лиде Лиде, а останатото треба секој сам а си го слушне и види во продолжение.

To top