Саша Поповиќ е еден од ретките кој приватниот живот го чува подалеку од очите на медиумите. Со пејачката Сузана Јовановиќ е во брак од 1988 година, а двајцата важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена.
Во едно интервју, Поповиќ откри со какви деловни предизвици се соочил.
– Пораснав во добро, нормално и здраво свештеничко семејство и од мал имав се што сакам. Во златните години на Лепа Брена и „Слатки Греха“ заработувавме одлично, но парите што ги заштедив ги вложив во банката на покојната Дафина Милановиќ и, како и повеќето штедачи, го загубив капиталот. Во мојот случај, познатата поговорка можеше да гласи: „Да имаш, па да немаш, па пак да имаш“ затоа што неколку години потоа ја основав „Гранд продукција“ со Брена и Боба Живојиновиќ, раскажа во едно Поповиќ чиј живот го одбележа и една голема трагедија.
– Имав 24 години кога татко ми загина во сообраќајна несреќа во 1978 година. На автопатот, пред излезот за Рума, во неговиот автомобил удрил „мерцедес“ со загребска регистрација. Кога мајка ми ме разбуди и ми кажа што се случило, бев како хипнотизиран. По болна борба за живот, тој почина во болница. И денеска не знам дали возачот кој го уби заврши во затвор, изјави Саша за медиумите и додаде колку тоа искуство го променило.
– Да се изгуби родител е многу тешко искуство. Кога беше жив, се сеќавам дека секогаш ме нервираше се што зборуваше татко ми. По неговата смрт, секогаш кога носев некоја важна одлука, размислував како ќе се поставеше тој во таа ситуација, изјавил Поповиќ.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес