Неда Украден (72) се прости од Тина Тарнер, која почина вчера на 83-годишна возраст во својот дом во Киснахт кај Цирих по долго боледување. Српската пејачка истакна дека светската ѕвезда отсекогаш и била идол.
„Згасна мојата инспирација, мојот идол, најголемата дива, сила, глас“, напиша пејачката и закачи фотографија од Тина Тарнер, а во коментарите нејзините фанови веднаш напишаа дека сега таа е „најубавата баба на светот!“.
Инаку, Неда Украден ја имитираше Тина Тарнер во шоу програмата „Твоето лице звучи познато“ и доби многу пофални зборови.
И бројните светски ѕвезди се збогуваат со познатата пејачка. Нивните пораки се полни со љубов и благодарност. Меѓу нив се Наоми Кембел, Брајан Адамс, Сара Џесика Паркер, Мик Џегер…
“Едноставно најдоброто. РИП Г-ѓа Тарнер. Те сакав и те сакам. Ти благодарам. Бог да те благослови”, напишала актерката Сара Џесика Паркер.
Фото: Принтскрин/АП фото/Милош Рафаиловиќ/Инстаграм