Радио Милева
ретко го покажува

После синот Давид тој има посебно место во нејзиното срце: Кристна Димитри е ултра секси, а еве како изгледа нејзиниот брат (фото) 

После синот Давид тој има посебно место во нејзиното срце: Кристна Димитри е ултра секси, а еве како изгледа нејзиниот брат (фото) 

Македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитриевска годината ја започна со нови луѓе но, само кога работата е во прашање, односно нејзината кариера. Атрактивната тетовка постојано подготвува изненадувања особено кога е во прашање нејзиниот имиџ. Таа на „Златна Бубамара“ привлече најголемо внимание поради модниот избор со уникатна креација, со која ги истакна нејзините ултра секси долги нозе.

Па така долгоногата убавица нивото на провокација и овој пат го стави во прв план и блесна како светска ѕвезда на најпознатата македонска манифестација.

@mkestrada_ ♬ original sound – mkestrada

Кристина Димитри во последно време активно му се врати на манекенството, а активна е и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии од брендовите кои ги рекламира, но многу ретко ги покажува членовите од нејзиното семејство.

Овој пат таа на најзиниот Инстагарам профил направи исклучок и објави фотографија од наследникот, синчето Давид заедно со нејзиниот брат Горан.

Имено, братот на пејачката и нејзиниот син беа во топла прегратка, а со неа таа му го четиташе роденденот па напиша емотивна порака:

– Мене ме штитеше од светот цел живот, а сега го штитиш Давид. Фала што си му идол и пример на мојот син. Уште кога дознав за Давид дека ќе дојде на свет … ти ми кажа: Јас ќе сум за него цел живот тука! И го исполни тоа како и се друго… Среќен роденден брату мој …  А сега си супер херој и брат на моето дете. Те сакаме најмногу е само реченица … во споредба со нашата љубов кон тебе!

Во продолжение стави уште еден текст но, всушност тоа беа зборовите на Давид упатени до нивниот суперхерој: Благодарам што ме научи да играм фудбал, (икс-точка), да гледаме формула заедно, тенис, да возам точак, да решаваме математички задачи, што ми купуваш сѐ, ме научи како треба да се однесува машко …и се останато…без тебе ништо немаше да е вака, а јас немаше да сум најсреќното дете. Те сакам најмногу.

Таа на нејзината Инстаграм приказна објави фотографија и од тортата во моментот кога нејзиниот брат се подготвуваше да ги дувне роденденските свеќички.

Пејачката по повод неговиот роденден сподели и мудра порака со која докажа уште еднаш дека за неа семејството е најголемото богатство.

– Тато, мама, и брат ми се моето јаже за спасување кога животот почнува да ме дави – објави таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Кристина Димитри/ Мк Естрада

 

Останати вести од Радио Милева