Радио Милева
„харакири“ на модниот гуру

После оваа „модна анализа“ на фолкерката Марија Луиса на Сергеј нема да му биде баш океј: Дали на Варошлија, Марија дефинитивно „ќе му ја пукне душата?“ (ВИДЕО)“ (ВИДЕО)

После оваа „модна анализа“ на фолкерката Марија Луиса на Сергеј нема да му биде баш океј:  Дали на Варошлија, Марија дефинитивно „ќе му ја пукне душата?“ (ВИДЕО)“ (ВИДЕО)

Сегеј Варошлија, македонскиот моден гуру, познат по своите емисии, телевизиски и интернет настапи, каде ги прави „салата“ познатите јавни фаци, ги „черечи“ помалку познатите, а безмилосно ги „касапи“ тоталните анонимуси… Се разбира, кога се нивниот имиџ, изглед, фризурата, шминката, модните комбинации, облеката, обувките, накитот и аксесоарите во прашање… Сергеј е тука вистински „џелат“ на модниот вкус и трендовите, кој  ем ќе им ја стави јамката околу врат, а потоа ќе им го шутне столчето оставајќи ги без право на избор, така „обесени да висат“ во неговата рубрика „Модни катастрофи“!

Како голем мераклија да ги „соголи од раменици до петици“ јавните фаци, не само што го анализира и коментира нивното модно промашување, туку неретко и го имитира нивното однесување.  Кого „вистината го боцка, погаѓа и боли“… Е, тоа е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на „модната концепција“ на македонскиот „фешн џелат“!

Арно ама, нели „и над попот имам поп“, па така и над секој „џелат има џелат“, велат… Па, така и над овој нашиов, модниов.

На македонската фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска, наместо душата и „пукна филмот“, па реши самата да ја превземе модната (те)палка в раце.

Така Марија Луиса на модниот гуру самата му направи  „модна анализа“!

По ова што му го приреди пејачката, на СерГеј  баш и нема да му биде океј…?!

Дали на Варошлија, Марија дефинитивно „ќе му ја пукне душата“…?

Самите проценете, откако нејзината видео „модна анализа“ ќе ја погледнете и преслушате:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Luisa (@luisa.todorovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska/varoshlijasergej

Останати вести од Радио Милева