Марија Шерифовиќ, како што и самата рече, е подготвена за брак, а сето тоа го заклучи откако успеа да направи сарма. И покрај неодамнешното „фијаско“ кога ја „плесна“ тортата на подот, пејачката реши да се обиде повторно во кујната кај мама, во родниот Крагуевац.
Марија ја искористила помошта на нејзината мајка Верица, која и помагала во сè додека не научила самата да готви. Покрај сармата, Марија правеше и проја, па затоа нескромно се пофали дека е добра во подготвувањето храна и дека сега дефинитивно е „подготвена да се омажи“, а сето тоа го објави на својот Јутјуб канал.
„Ме згрозува смрдеата од кромид и зелка што ги имам на прстите и под нокотите, иако се капев. Овој пат ништо не ми падна на земја, па ќе уживам во мојата сарма и прјата“, рече Марија во видеото, па ја повика нејзиното кулинарско ремек дело да го види и нејзината мајка:
„Погледнете сармата е одлична. Неверојатно. Јас сум многу горда на себе… Среќни празници за време на кои и вие ќе подготвите проја и сарма“!