Мегафон

После две освоени круни на Анѓела и се отворија вратите во Кина

После две освоени круни на Анѓела и се отворија вратите во Кина

Манекенката Анѓела Јакимовска или првата Mакедонка која настапи на модниот викенд во Софија изминатиов период е се поактивна  на интернационалните избори за убавина.  Првата круна Анѓела ја освои во Драч на изборот за убавина Miss Summer World 2019, а втората круна ја освои на изборот за убавина Miss Freedom of the World 2019 во Призрен. Веднаш потоа Анѓела замина да ја претставува Македонија на избор за убавина во Кина. После толку освоени награди решивме директно да ја исконтактираме манекенката  за да ни го пренесе своето искуство.

Како се стигнува до круната на еден избор за убавина?

До круната се стигнува само со добар тренинг во физичка и психолошка смисла, а тука би ја надоврзала и самодисциплината како клучен елемент. Симетричните црти на лицето како и симетријата на телото се важни, но она што најчесто го слушам на избор за мис е дека им е потребно девојка лидер, којашто ќе пренесе порака на мотивација и инспирација, а не на егоизам и нарцисоидност.  Тоа би требало да биде личност којашто знае да ја презентира  па дури и да ја брани во одредени ситуации доколку е потребно својата култура и историја преку елеганција и луцидност.

Знаеме дека Кина не е близу, па не интеренсира како успеа да стигнеш до таму?

Само што  се вратив дома од изборот Miss Freedom of the World  добив покана да заминам да ја претставувам  Македонија на избор за мис во Кина. Патот до таму беше многу интересен кога после три променети летови на аеродром дознав дека куферот ми го нема, а таму сите социјални мрежи се блокирани од страна на владата почнувајќи од Фејзбук,  Инстаграм до Вибер во тој момент јас немав кому да се јавам. Поминав часови на аеродром сосема сама на друг континент, а откако бев пронајдена од страна одговорните  веднаш бев пратена да настапам на ревија во национален костум.  Целата козметика, накит, чевли  ми беа во куферот, а за среќа  само националниот костум го носев во чантата. Кинезите се луѓе кои не прифаќаат жалби и поплаки, а доколку се генерализира  за нив работата е смислата на животот.Тој ден јас немав избор, па во конкуренција со 50 земји од целиот свет  решив без шминка  да се натпреварувам со својот идентитет бидејќи тоа е единственото нешто што не можат да ви го одземат.

Во кој град престојувавте и како изгледаат  тамошните подготовки за еден избор за Мис?

Престојувавме две недели во градот Ченгду, градот на пандите и зачинетата храна.  Таму разбрав дека комерцијалата не прашува за време, па можете да имате фотосесија и во 1 часот наутро,  да работите 20 часа дневно , да спиете во бекстејџ  и пак да изгледате свежо и енергично. Во Кина ја осознав тежината на шоу бизнисот но мене љубовта ми е двигател на енергијата, зборувам за  љубовта кон себе и околината, кон она што го правам и  работам   со многу труд и внимание, а на крајот им се радувам на резултатите.

 Како се пријави на Избор за убавина?

Потребно е покана од национален директор кој поседува лиценца за  одреден избор за убавина.  Морам да му се заблагодарам на Роберт Граматиков кој ме покани на изборот за  убавина Miss Freedom of the World како и на Олег Дементиенко кој  ме покани на изборите за убавина Miss Summer of the Worldи Miss Friendship International. Тоа се луѓе со коишто соработувам со години и кои навистина одиграле голема улога во градењето мојата кариера. Ние моделите не можеме да успееме без добар агент, бидејќи агентите се оние  коишто ни го отвараат патот, а дури потоа се останува на тоа моделот да биде препознаен како карактеристичен лик. Воедно сакам да споменам дека  имаме голема подршка од многу македонски дизајнери  кои што редовно не спонзориираат на овие избори за убавина се со цел Македонија да биде претставена онака како што заслужува да биде претставена. Така за вечерната тоалета на изборот за мис во Кина, спонзори ни беа  Ана Бора, а претходно соработувавме и со Ал Апарел Наташа Карцева како и со Марина Беле.

To top