Не остануваат уште многу емисии до крајот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа година има доста и македонски кандидати кои успеа да стигнат до четврт финалето и ќе се борат за влез во полуфинале и суперфинале.
Меѓу нив се Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Сања Тодоровиќ, Филип Пецовски…
Во последната емисија настапуваше Мартинијан Кириловски во дуел Армин Јусофовиќ.
Мартинијан се претстави со песните „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ и „Кремен“ од „Дино Мерлин“.
„Мартинијан, првата песна ти беше добра,но затоа втората ти беше скандалозна. Ти секогаш пееш исто. Стана досаден и мора веднаш да промениш нешто во твоето пеење. Грешките се најмал проблем“ изјави Ана.
„Што треба да менува, тоа е негов стил“ почна да го брани Јелена.
По крајниот бараж Мартинијан помина во следниот круг.
Во последната емисија настапуваше и Огнен Здравкоски, а за неговиот настап можете да прочитате тука.
На сцената на „Гранд“ се случи и македонски дуел меѓу Сања Тодоровиќ и Филип Пецовски.
Сања се претстави во одлично светло, меѓутоа не освои доволен број на гласови.
Додека Филип Пецовски како и секогаш има перформанс кога ќе се појави на сцената на продукцијата.
Сања се претстави со песните „Ако згрешам нека изгорам“ и „Још увек те волим“.
Филип Пецовски „Ти ми излуѓуеш“ од Тути Фрути и „Мотори“ од Дивље Јагоде.
Како и секогаш тој направи шоу на сцената, а за втората песна имаше посебен перформанс односно се појави со кацига на главата.
По изведбите, македонските кандидати добија по четири гласа односно никој не помина директно во следниот круг.
Марија Шерифовиќ имаше критики за Филип.
„Јас и дадов предност на кандидатката под број еден бидејќи ми беше поубаво. Од друга страна, зошто не дадов глас на кандидатот број 2….Јас го сакам тоа што правиш, си забавувач, се тоа е во ред…Меѓутоа, морам да кажам дека ова е прв пат како не ми се допадна изборот на твоите песни, посебно втората песна“ изјави Шерифовиќ.
Меѓутоа, по баражот на крајот од емисијата, Пецовски помина во следниот круг.
https://www.youtube.com/watch?v=mf-H37TP62Y