Пејачката откри дека воспитувањето на нејзиниот син целосно и го променило животот.
Пејачката Гога Секулиќ по кратка медиумска пауза отворено проговори за својот живот и кариера во емисијата „Исповед“ на авторот и водител Немања Васиљевиќ.
Покрај бројните теми, таа се осврна и на нејзиниот сегашен живот, откривајќи дека е целосно посветена на синот, и дека повеќе нема време за ноќни излегувања.
„Слушнав дека Зорица Марковиќ повторно води кафеана, јас бев редовен гостин кај неа, доаѓав со група која сака да троши и слично. Моите приоритети се сменија сега, имам дете, станувам рано, го спремам за градинка, го носам на лекар кога ќе настине, во мојот случај логопеди, разни часови, логопеди, јас сум веќе уморна во седум навечер, се туширам и си легнувам. На некој му ветувам дека ќе одиме на вечера, и ништо од тоа, уморна сум“, вели пејачката.
фото: printskrin/instagram/sekulicgoga