Во февруари Џенифер Анистон и Џастин Тероу открија дека заврши нивниот брак, а по седум месеци од разводот Џастин првпат прозбори за крајот на заедничкиот живот со Џенифер.
Во интервју за Њујорк Тајмс, 47 – годишниот актер откри дека не се разделиле во лоши односи.
„Добра вест е што тоа беше навистина нежна разделба, без непријатности. Навистина морам да внимавам што ќе кажам“, вели Тероу и додава:
„ Не умревме, не се мававме со секири. Секој си тргна по својот пат. Знам дека тоа ви е досадно, но премногу се почитуваме за да се повредиме. Но, не можам да кажам дека тоа не ми го скрши срцето бидејќи знаев дека нашиот однос нема да биде ист.
Џастин и Џенифер се развделија по две години брак и седум години врска.