Сношти се случи терористички напад во Виена, а пукањето се случи кај синагогата во близина на центарот на градот.
Поранешната учесничка во „Задруга“, Ермина Пашовиќ која живее во Виена се огласи за пинк.рс
Таа истакна дека е во шок и дека сите се затворени дома и таму ќе останат додека полицијата не даде наредби дека може да излезат.
„Во шок сме. Затворени сме. Не смееме да излегуваме. Наводно имало 10 терористи кои се распределиле. Наводно во еден пукале, а другите побегнале. Има доста ранети, а почина еден полицаец“, вели таа и додава:
„Ужасно. Сите кои беа во локалите, се заклучија и чекаат полицијата да даде зелено светло“, вели Ермина за пинк.рс