Благодарение на својот изглед, Памела Андерсон некогаш со право ја носеше титулата секс симбол во деведесеттите, но сега многумина не ја препознаа кога се појави на модната недела во Париз.
Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ се појави на ревијата на Изабела Марант за пролетно лето 2024 година, а во таа прилика многумина не ја ни забележаа.
Памела, која неодамна наполни 56 години, се прошета низ настанот во светло жолт фустан без ракави, многу тенки веѓи, широка насмевка и долга распуштена коса.
Поранешниот с*кс симбол се одлучила за многу суптилна шминка, на образите има руменило во праска, розов кармин, а ноктите ги обоила во црвена боја.
Таа и дозволи на нејзината природна убавина да блесне за насловните страници на Плејбој, носејќи минимална шминка.
“Ова е ново поглавје во мојот живот. Сфатив дека дури и за природна убавина ми требаат два часа пред огледалото”, рекла насмеано Памела.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Мирор