Кимберли Томсон која седум години работеше за популарната пејачка Бијонсе изнесе сериозни обвинувања за пејачката и побара забрана за приближување.
Според тужбата, Томсон тврди дека Бијонсе и го згорчила животот и дека за таа цел користи црна магија.
Тврди дека популарната пејачка ги прислушкува телефоните и дека ги регулира нејзините финансии.
Томсон тврди дека популарната пејчака убила и домашно милениче. Сепак, судијата која работеше на овој случај го одби барањето за приближување на Кимберли.
Бијонсе не го коментираше овој случај, туку продолжи со својата музичка турнеја.