Пред два месеци згасна животот на млада музичка ѕвезда која остави впечаток на музичката сцена. Загубата на Влатко Илиевски донесе голема празнина кај многу негови пријатели, роднини и колеги.
Неодамна, македонската водителка Марјана Стојановска пред камерите на „Бекстејџ“ се расплака кога се потсети на нејзиниот пријател и драг колега.
Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам”,изјави Марјана во емисијата.
Во „Бекстејџ“, за Влатче прозбори и неговата пораншена девојка, актерката Ана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска.
Ана и Влатко важеа за еден од најубавите парови и актерката исткна дека со него имала многу убави моменти.
Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен- изјави Ана во емисијата.
Инаку, пред два месеци и Силвија во една емисија изјави дека многу се почитувале со пејачот и дека ја викал „мамо“.
За потсетување, во јули Влатко беше пронајден мртов во својот автомобил.