Радио Милева
кругот се проширува?

Поранешен пратеник тврди: И синот на Катица Јанева е директно вмешан во „Рекет“

Поранешен пратеник тврди: И синот на Катица Јанева е директно вмешан во „Рекет“

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, го обвини синот на Катица Јанева дека директно бил вмешан во „Рекет“.

Тој на Фејсбук објави статус на кој тврди дека синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?

Лазар Јанев, инаку, беше вработен во 1ТВ, телевизијата на таткото на Боки 13, каде тој се претставуваше како директор. Јанев во телевизијата ја држеше позицијата директор на маркетинг.

Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка.

Но, официјално, досега, името на синот на катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит.

Извор: Засе

Останати вести од Радио Милева