Радио Милева

Поради сексот со Слоба и го зголемија хонорарот: Еве колку заработува Луна во „Задруга“!

Поради сексот со Слоба и го зголемија хонорарот: Еве колку заработува Луна во „Задруга“!

Луна Џогани поради тоа што е во врска и има секс со Слобо Радановиќ ја зголеми гледаноста на ријалити шоуто „Задруга“, а за тоа ќе добие и поголем хонорар.

Имено, како што пишува српски „Курир“, Луна неделно ќе добива по 800 евра, наместо досегашните 600.  Според сознанијата, Луна е единствената учесничка која потпиша нов договор на барање на продукцијата.

За 21 недела колку што помина од почетокот на „Задруга“, Луна има заработено 12.600 евра, но бидејќи шоуто ќе трае до крајот на мај, таа ќе има прилика да заработи многу повеќе.

Нејзината мајка, Анабела Атијас, кон крајот на месец декември подигнала 3000 евра од сметката на ќерка си, со образложение дека тие пари и се неопходни за да плати песна.

To top