Северина Којиќ во сабота имала настап во Сплит на кој не го носила прстенот од својот сопруг Игор Којиќ.
Имено, како што пишува „24.сата“, таа не го носила прстенот кој го добила од Игор пред пет години кога се венчале.
Прстенот чинеше 2 340 евра.
Со овој потег, Северина ги подгреа гласините дека се разведува, односно сите зборуват дека се развела.
Како што пишува овој портал, на концертот бил и некогашен менаџер Томица Петровиќ со кој пејачката беше во кавга, па наводно сега се смириле.
Потсетуваме, во последните неколку месеци во регионалните медиуми постојано се пишува дека Северина наводно се разведува.