Болеста не бира време и личност, а баш во период на новогодишно лудило и многу забава, пејачот Александар Тарабунов легна во болница.
Настинките се карактеристични за овој период од годината, а Тара како што појасни на Инстаграм, причината за болничкиот третман е „паднатиот“ имунитет.
Александар објави неколку фотографии на своите „стори“ приказни на кои е легнат во болнички кревет и прима инфузија.
Тој е силно момче кое живее здраво, па не се сомневаме дека многу брзо ќе го надмине ова и ќе се спротивстави јуначки.
Брзо закрепнување и само јако Тара!