Пејачот и поранешен учесник во реалното шоу „Задруга“, Слободан Радановиќ, за српските медиуми вели дека никогаш не ни сонувал дека еден ден ќе застане рамо до рамо со фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.
Тој исто така, истакна дека Цеца му помогнала во кариерата, како и во приватниот живот.
„Таа ми помогна многу, нејзината поддршка ми значи многу. Таа ме крена ментално. Ми даде ветер во грбот кога ми беше најтешко“, рече Слоба за „Информатор Хит“.
Слоба и Цеца ќе влезат заедно во 2020 година, бидејќи настапуваат во еден белградски хотел за најлудата ноќ.
“Цеца е таа што ќе ја бакнам прво на полноќ, што е чест за мене. Јас ќе и посакам да остане таква каква што е и да не се смени”, додаде пејачот, а потоа ја искоментира својата нова девојка Јелена Ѓуричанин.
“Ми годи кога сум со неа. Имам само пофални зборови. Ја најдов личноста која ми одговара на секој начин. Планирам повторно да се оженам, можеби во текот на следната година”, изјави Слоба.