Откако во српските медиуми се појавија шпекулации дека Аца Лукас наводно е сослушан поради кражбата на часовниците на Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“ продукција се огласи и остро ги демантираше наводите.
Како што се пишуваше во медиумите, Саша наводно на раката на пејачот го препознал часовникот кој му беше украден, поради што Лукас дал исказ во полиција.
-Директорот на „Гранд“ е шокиран поради написите во одредени медиуми, кои на насловната страница донесоа вест дека Аца Лукас е сослушан во полиција поради кражбата на часовниците. Напоменуваме дека Поповиќ првпат слушна за такво нешто, и дека станува збор за ноторна лага и информација која има за цел да го наруши угледот на пејачот, се наведува во соопштението од прес службата на „Гранд“.