Радио Милева

Поминаа 23 години од смртта на принцезата Дијана: „Сакаа да ја фотографираат мртва, а тогаш нејзините трепки мрднаа“

Поминаа 23 години од смртта на принцезата Дијана: „Сакаа да ја фотографираат мртва, а тогаш нејзините трепки мрднаа“
фото:lady.diana/инстаграм/принтскрин

Колку години и да поминат откако ја ена, заборавот нема да дојде кога е во прашање Лејди Дијана.

Летото 1997 година се помни по трагичната загуба на принцезата Дијана Спенсер. Ноќта на 31 август светот дозна за предвремената смрт на „принцезата на народот“, како што ја нарекуваа. Имаше 36 години.

Автомобилската несреќа на мостот „Алма“ во Париз, во којашто погина и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед, сѐ уште е обвиткана од мистерии и теории на заговор.

Папараците не сакаа да ја остават на мир дури и кога лежела мртва во болницата во Париз, тврди нејзиниот личен возач Колин Тебут, кој пред три години првпат проговори за трауматските настани во Париз.

 

View this post on Instagram

 

Princess Diana #princessdiana #princessofwales #ladydiana #dianaspencer

A post shared by Lady Diana, Princess of Wales (@lady.diana._) on

По тој повод, тој рекол дека и денес му е ужасно тешко поради тоа што тој не возел таа ноќ, па раскажал дека дошол во Париз веднаш штом дознал што се случило.

– Телото беше сместено во една од болничките соби која немаше завеси, а јас ги забележав фотографите како се качуваат на соседниот покрив и балконите на болницата. Беше многу топло во Париз. Навлеков ќебиња на прозорците за да спречам нејзиното тело да биде фотографирано, а поради топлината вклучивме неколку вентилатори. Погледнав во принцезата, а нејзината коса и трепки се поместија. Никогаш нема да ја заборавам таа глетка – рекол Тебут по тој повод.

Во 2017 година беше снимен и документарен филм со наслов „Дијана, нашата мајка: живот и наследство“.

„Направете добро, не очекувајќи ништо за возврат, оти еден ден некој може да го стори и за вас” – гласи една од најпознатите изјави на принцезата Дијана. Вилијам и Хари не еднаш нагласиле дека и за нив, тоа е една од најинспиративните крилатици – спомен од нивната мајка. (MИА)

Останати вести од Радио Милева