Ријалити ѕвездата и танчерка Уна Грујиќ беше во брак три години, кој неодамна го прекина. Сепак, по разводот таа не се откажа од љубовта.
Имено, Уна сега излегува со момче кое е речиси десет години помладо од неа. Уна има 37, а Никола 28 години.
Уна не го крие своето момче ниту од следбениците на социјалните мрежи, а откри и кои се нејзините намери со новото момче.
– Кој гледа на годините? Љубовта не бира! – изјавила Уна за разликата во годините меѓу Никола и неа.
– И ќе му родам пет деца! – рекла Уна во нејзината изјава. Инаку, Уна веќе има две деца – ќерка и син. Таа имаше ќерка од романсата пред учеството во реалното шоу „Малдиви“, и син од Александар Ракочевиќ од кој неодамна се разведе.
Фото:Принтскрин/Приватна Архива/unagrujic