Здравко Чолиќ има роден брат, но малкумина го знаат тоа затоа што за неговиот приватен живот не се пишува премногу.
Чола е една од најголемите sвезди на поранешна Југославија и потекнува од скромно семејство.
Мајка му Стана била домаќинка, а татко му Владимир, полицаец во Министерството за внатрешни работи. Неговиот четиригодини помлад брат Драган избрал сосема поинкава работа од онаа на неговиот славен брат.
Додека Здравко настапува, се фотографира и дава интервјуа, помладиот брат Драган држи ќебапчилница во Белград.
Чола е многу приврзан со него. Братската љубов во текот на своето детство им е вткаена од нивните родители.
По смртта на мајка му, Здравко и неговиот брат уште повеќе се зближија, а од фотографиите може да се види дека браќата личат како јајце на јајце.