Радио Милева

Помина еден месец од трагедијата, а диџеј Авичи се уште не е погребан

Помина еден месец од трагедијата, а диџеј Авичи се уште не е погребан

Шведскиот диџеј и продуцент Авичи, кој минатиот месец беше пронајден мртов во Оман на 28 години, се уште не е испратен во неговиот вечен дом.

Странските медиуми пишуваат дека погребот ќе се случи наскоро во кругот на семејството и пријателите, како што изјавил неговиот агент.

Причината за смртта се уште не се открива, но минатиот месец според објавата на неговото семејство, наводно се случило самоубиство.

Инаку, Авичи беше познат по неколку хитови, а во 2016 година објави дека поради здравствени причини повеќе нема да настапува.

To top