Македонскиот водител Драган Вучиќ знае како да го задржи вниманието на публиката пред ТВ екраните со своите интересни квизови.
Дефинитивно неговата сопруга Весна Вучиќ успеал да ја задржи со многу љубов, внимание…
Иако често во медиумите ги разведуваа, Драган и Весна поминаа 40 години заедно, а 37 години се во брак.
Токму по тој повод, сопругата на Вучиќ сподели фотографија од некогаш и сега на својот „Фејсбук“ , а во описот напиша:
„37 години заедно, 40 години во брак…некогаш и сега“ напиша радио водителката.
Под објавата веднаш се нижеа позитивни коментари и честитки за истрајноста на нивниот брак.
За потсетување, Драган и Весна го имаат синот единец Мартин Вучиќ кој во јуни претходната година се ожени со партнерката Сања, а Драган и Бесна добија снаа.
фото: фејсбук