Оскаровката Анџелина Џоли по речиси две децении „негување“ на кафените тонови, се префрли во тимот на русокосите, за што денес пишуваат светските медиуми.
Познатата холивудска актерка се појави на настанот на кој го промовираше својот нов бренд „Atelier Jolie“, и тоа во необично издание, за кое денес сите зборуваат.
Имено, Анџелина ја скрати својата долга, препознатлива кафена коса, а на изненадување на многумина, егзотичната убавица се приклучи на русокосите.
Оскаровката го комплетираше својот изглед со црн, елегантен фустан, а со минимална шминка и кармин во боја на праска уште повеќе се истакнаа нејзините руси прамени.
Да потсетиме дека и поранешната сопруга на Бред Пит имаше руса коса во текот на деведесетите, а подоцна стана бринета од која не отстапуваше повеќе од две децении.
фото:EPA Images/Instagram printskrin