Зорица Брунцлик се уште е една од пејачките која е најбарана за настапи, сепак ретко пее на приватни прослави. Но, сега таа му направи чест на колегата Радиша Трајковиќ Ѓани, која го ожени нејзинот Марко и им пееше на сватовите кои не зажалија за парите фрлени за бакшиш.
Огромен бакшиш на свадбата организирана од семејството Трајковиќ земаа и Јана Тодоровиќ, Милица Јокиќ и Љуба Перучица. Сепак апсолутна рекордерка беше Зорица Брунцлик.
Зорица најмногу се пофали кога ја испеа нејзината песна „Јелече“, поради што свадбарите беа во тотален транс.
Да потсетиме, пејачот Адил Максутовиќ пееше за младенците, а Миња и Марко го одиграа првиот танц на песната „Моје си небо“.
Семејството Трајковиќ организираше гала прослава на која гости беа Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг фудбалер Марко Гобељиќ, пејачката Зорица Брунцлик и Кемиш, Јана Тодоровиќ, Злата Петровиќ со синот и снаата Слаѓа Алегро, Милица Јокиќ со Лука Дачиќ, Љуба Перучица и Катарина Колосеум…
Како свадбен подарок, гордите родители на Марко му обезбедиле покрив над главата, односно му купиле стан.
– Свадбата помина одлично. Мојот сопруг утрово ме дотера. Бев на диета. Ја надминавме сценската страв, искусни сме кога се во прашање свадбите. На синот му купивме стан за свадба, тоа е подарок и љубов – изјави Слаѓа Трајковиќ.
– Каква ќе биде атмосферата вечерва зависи од количината на алкохол. Ги оженив моите синови, но кога ќе ја омажам ќерка ми тоа ќе биде најсреќниот и најтажниот ден за мене, таа е нашата мила. Можеби ќе го донесеме зетот кај нас– додаде гордата мајка.
фото:Инстаграм принтскрин/Информер.рс/Марко Ѓоковиќ