Саша Поповиќ од неодамна е пензионер, но и хонорарец и тоа најплатен во Србија.
Имено, директорот на „Гранд продукција“ само од „Ѕвездите на Гранд“ заработува околу 200 000 евра на годишно ниво.
Откако на една странска компамија го продаде својот дел од Гранд, Поповиќ прима плата од 200 000 евра годишно, пишува курир.рс
Неговото ангажирање во „Ѕвездите на Гранд“ кои се емитуваат од 2004 година изнесува 5 000 евра по емисија. Тоа значи дека Поповиќ во овој месец, во кој ќе се прикажат пет емисии, ќе заработи 25 000 евра.
Саша е специјален советник на „Ѕвездите на Гранд“. Тој и понатаму е задолжен за концептот на снимање, кандидатите, организација на продукцијата, составот на жирито. Оваа заработка се однесува на 9месечното хонорарно ангажирање на Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“ кои се емитуваат од средината на септември до крајот на јуни.
ПР службата на Саша не ја потврди, ниту пак демантираше ова информација.
„Што се однесува до работните ангажмани на Саша Поповиќ и „Гранд продукција“ може да коментираме, но не и она што се однесува на неговите приватни работи“ велат од ПР службата на Поповиќ.