Македонските естрадни уметници поради коронавирусот ги откажаа своите настапи, концерти, тезги, па времето го поминуваат во своите домови.
Македонската фолкерка Елена Велевска неодамана за една емисија истакна дека време во изолација го поминува со своите деца во Охрид, а исто така истакна дека и недостига публиката и едвај чека да се врати на музиката.
Деновиве полека се разлабуваат мерките за заштита од корона, а од понеделник се отвараат кафе баровите, рестораните, кафаните…
Меѓутоа, се уште не се знае кога естрадните уметници ќе се вратат на настапите и концертите, но некои од македонските дами се вратија во салоните, секако со почитување на мерките и се фрлија на разубавување.
Македонската фолкерка Елена Велевска беше една од оние кои посети салон, па направила (д)епилација, но и уште некој третман. Веруваме дека по завршувањето заминала задоволна и релаксирана.
На крајот на денот, Велевска објави фотографија со кренати нозе и ноќен поглед на Скопје, во кој продолжила да ужива за време на полицискиот час.
Пејачката не застана таму, па релаксацијата и опуштењето, таа утринава одново ги отслика на социјалните мрежи, каде објави нови фотографии на која лежи во бела постела покриена само со тенка бела прекривка, а дали под неа има нешто на себе… остана мистерија! Сепак, со оваа објава сексапилната Елена ја „заскокотка“ машката фантазија.
Дали се работи за постари или нови фотографии – сеедно, веруваме дека фолкерката и физички и психички се опуштила и ги наполнила батериите, па кога ќе им се врати на концертите и настапите, тоа ќе го направи во полн сјај и со нова енергија.
Елена отсекогаш ги рушела табуата, кршејќи ги правилата, па така и овој пат:
Во меѓувреме, сексапилната фолкерка со фотографиите, ама и со споделените стихови од типот: „Од умот ќе слегнам, со тебе да легнам…“ од нејзината постара песна „Наркотику мој“, изгледа само сакаше да потсети, што најмногу и недостасува!