Хрватската пејачка Северина на својот „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка и испрати емотивна порака.
Како што напиша во описот на фотографијата, својата утеха ја нашла во прегратките на нејзината мајка.
– Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, храброста во нејзиното срце, безбедноста на нејзината поддршка… достоинството на нејзиниот став. Мама е моето најбезбедно засолниште – напиша таа покрај фотографијата со мајка си.
Многумина забележаа дека Северина и нејзината мајка си личат, па следбениците прокоментираа дека за младоликиот изглед на Северина е задолжена генетиката.
„Кој има мајка богат е“, „Најубави сте“, „Си личите“, „Севе, сега гледаме на кого личиш“, „Се гледа добрата генетика, мајка ти е младолика“; се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.
фото: инстаграм/северина којиќ