Џенифер Лопез е вистински мајстор за оптичка илузија кога станува збор за изгледот, односно прикривање и истакнување на делови на телото. Тоа го постигнува со мудро комбинирање на разни кроеви и дезени.
Латино дивата успева визуелно да ја стесни или издолжи фигурата, да направи нозете да ѝ изгледаат подолги од што навистина се, па многумина не би ни поверувале дека Џенифер е висока 164 центиметри.
Овој пат, одбрала урбан стајлинг кој на прво место ја става удобноста, па така постигнала сосема спротивен ефект од она вообичаеното.
Папараците ја фотографирале на еден паркинг, каде носела тексас комбинезон од брендот „R13“. Станува збор за многу атрактивно парче со кратки ракави и широки ногавици.
Меѓутоа, контурите на нејзиното тело во оваа комбинација останале затскриени, па за комбинацијата многумина искоментирале дека овој тип на облека не и ласка на нејзината фигура, бидејќи ја прави да изгледа пониска и покрупна од што навистина е.
фото: BACKGRID/GC Images/LaStarPixMEDIA / BACKGRID/Pagesix.com