Погребена е Марина Туцаковиќ, еден од најпознатите текстописци во регионот.
Семејството и пријателите од 12 часот започнаа да се собираат на „Новите гробишта“ за да ја испратат Марина во вечниот дом.
Марина беше погребана во кругот на семејството и пријателите, што поради пандемијата со коронавирусот, но и поради нејзината желба да биде испратена без голема „помпа“.
Меѓу познатите кои се појавија на испраќање на Туцаковиќ во вечниот дом се: Жика и Зана од групата „Зана“, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Цеца Ражнатовиќ, Дамир Хандановиќ, а пејачот Здравко Чолиќ испратил венец.
На Марина и беше исполнета и последената желба, да биде погребана покрај синот Милош.
За погребот на текстописецот се чекаше 10 дена бидејќи нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута беше позитивен на корона.
Потсетуваме, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември на 68 години, по тешката битка со опасната болест.
Фото: Марко Јовановиќ/АТА имиџис/Република.рс