Роден е на 15-ти јули 1963 година, тој е македонски шоумен – актер, музичар, писател, текстописец, ТВ водител…
Едноставно тој може се’ кога е во прашање инспирацијта за творење, односот пред камера и публика.
Во домашните медиуми за него читаме речиси секојдневно, а периодов особено за тоа што е заљубен и предан на врската со неговата избраничка.
Можеби веќе погодувате – тоа е нашиот Игор Џамбазов, кој вчеравечер на своите следбеници преку Инстаграм им посака добра ноќ на следбениците со фотографија кога бил бебе.
Тоа бебе кое е родено под среќна ѕвезда во моментот на фотографирањето спие, за што Игор вели дека начинот е ист како и сега.
За секоја негова објава има стотици коментари, па така беше и сега со тоа што првин неговата Илина му напшиа едноставно, но коментар со силно значење и емоција „те сакам“.
View this post on Instagram
Се редеа и многу други коментари во духовит стил, како оној дека го сликале со акомулатор во тоа време, а пак Игор возврати досетливо во негов стил дека можеби фотката е дело од фотоапаратот на Манаки.
Се’ на се’ на профилот кај Џамбазов секогаш има некоја мудра или духовита мисла или видео кое може да ти го направи денот.
фото:Инстаграм/Игор Џамбазов