Радио Милева УКРАС +

Погледнете зошто бродската елка ги има најубавите „лампиони“ само кога Ноне ќе застане до неа! (ФОТО)

Погледнете зошто бродската елка ги има најубавите „лампиони“ само кога Ноне ќе застане до неа! (ФОТО)

„Празници се ближат… а јас пак не сум дома“ – напиша неодамна Ноне Неделковска во еден од постовите на својот Фејсбук профил, сакајќи да потенцира дека и оваа Нова 2018 година ќе ја дочека некаде по светот, далеку од дома и својот роден Велес.

Така и се случи, па највеселата ноќ некогашната пејачка ја дочека од другарта страна на океанот… на Бахамите! На своето работно место на еден од големите прекуокеански крузери.

Стокмена, елегантно дотерана, ведра и насмеана… таа се сликаше крај прекрасната бродска елка со коктел в рака, наздравувајќи им на оние од кои е далеку, а најмногу ги сака: „Среќни новогодишни празници! Пак сум далеку од дома, далеку од тие што најмногу ги сакам и ми недостигаат многу! 2018 биди добра година“ – напиша Ноне во постот под фотографијата, на која сите гледаа само во едно – нејзиното  длабоко деколте, зад кое се кријат бујните убавини на динамитната велешанка.

Колку и да е богато украсена и раскошна, бродската елка сепак ги има најубавите „лампиони“ само кога Ноне ќе застане до неа!

 

 

 

To top