Хрватска е во големото финале на СП во Русија. Хрватските фудбалери вчеравечер испиша историја откако се вратија од работ на бездната и по 0:1, ја совладаа големата Англија со 2:1, правејќи ја нацијата најгорда на целиот свет, а фудбалерите на „Гордиот Албион“ ги испратија со наведната глава во соблекувалната.
Но за Хрватска сношти не навиваа само Хрватите. Голем број Македонци, меѓу кои и познати и јавни личности понесени од фудбалската треска, со ист оган и жар навиваа за Хрватска, па на социјалните мрежи покажаа како тоа го прават и се радуваат на историскиот успех на „коцкестите“.
Македонската манекенка Катарина Ивановска на пример, облече дрес со „шаховница“ во боите на Хрватска, па на кратките приказни на Инстаграм објави фотографија и покажа колку ги поддржува Хрватите.
Димитар Атанасовски во друштво на пријателите гледаше и навиваше во еден познат ресторан во Скопје.
И водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска навиваше за Храватска, па покрај фотографијата од хрватското приморје прикачена на социјалните мрежи напиша: „Душа Хрватска“.
„За огнените„ навиваа, ги поддржуваа, стрепеа, се нервираа и на крајот се радуваа и им ја честитаа победата и поп пејачот Влатко Лозановски…
…модниот блогер Дарко Спејко,
…поп дивата Калиопи Букле,
…пејачката Лидија Кочовска,
…пејачката Девана Нардели,
… новинарот и ТВ водител Александар Блажевски,
…младата пејачка Ања Ветерова,
…манекенката, мисица и модел Емилија Розман која со виц се радуваше на победата,
…пејачот Јоце Панов, со фотографија од хрватското приморје,
…ДЈ Шорти, алиас Панчо – ДНК…
…и уште еден куп други јавни личности, кои на социјалните мрежи споделија фотографии направени за време и по завршувањето на „мечот на животот“.
На крајот, заедно со Хрватска сите беа победници, а покрај Англичаните, само еден наш познат лик беше губитник. Македонскиот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки – Фаци, кој навиваше за Англија,
Останува в недела да видиме дали Хрватска ќе биде светски првак или титулата ќе ја понесе Франција?!