Водителката Сања Николиќ, некогаш препознатлива по кратката црна коса, се онесвести за време на информативна емисија што се емитуваше во живо на програмата на телевизија „Пинк“, а потоа, додека лежеше така во бесознание на подот, врз неа падна и голем дел од поставената сценографија во студиото. Овој настан кој датира од 2000 година остана запаметен до ден денес.
Повеќе од една деценија по немилиот настан, Сања продолжи да работи во редакцијата на Телевизија Пинк.
„Сега кога го гледам видеото се смеам, особено кога е ставено во смешни видеа. Телевизијата е програма во живо и се случуваат непредвидени работи иако, особено ваквите не се никому пожелни. Ми се случи да се онесвестам прд камерите во програма во живо и по тоа да ме паметат. Среќа сум што пристигнаа нови генерации и малкумина знаат дека тоа сум јас дури и кога ќе го видат видеото“ – изјави Сања за „Блиц“.
Од телевизијата оваа водителка замина во Собранието да работи како пратеник. На новото работно место остана две и пол години.
„Три ипол години известував од Собрание, па знам како е да се биде пред и зад камера во т.н. пратеничка клупа. Сигурно е полесно да се биде новинар, а тоа е работата што ве влече… Еднаш новинар – секогаш новинар“ – порача Сања.
Погледнете го видеото со немилиот настан, кој за среќа се заврши среќно и без поголеми последици за сите: