Радио Милева

Поглед на дирки: Тања Јовановска вака својот сопруг го подготвува за заеднички настап! (ФОТО)

Поглед на дирки: Тања Јовановска вака својот сопруг го подготвува за заеднички настап! (ФОТО)

Музиката е благородна работа, ама оние кои се занимаваат со оваа професија знаат дека животот со инструментот или микрофонот в рака не е баш секогаш песна!

Особено ако работиш иста работа со  сопругот или сопругата,  т.е. што би се рекло сте „иста фирма“ со брачниот другар! Добро, не дека нема свои предности, ама има и недостатоци, односно слатки предизвици и тешки ризици.

Ама бидејќи на „ризик се познава шизик“, за случајно да не му падне на памет на твојот „шизик“ да влезе во ризик, има методи на предострожност, односно предупредување. Искусните естрадни ѕверки како фолкерката Тања Јовановска Трајкова тоа го знаат најдобро. Затоа пред да почне свирката и пеењето, а настапуваат заедно со својот сопруг – сајзеристот Младен, одвреме-навреме фолкерката има обичај да го потсети на правилата на игра за време на свирката. Особено, ако е некоја свадба или забава кај што има повеќе згодни сваќи или (не) дај Боже да се погоди некоја моминска вечер.

Е тогаш, згодната кумановка го подига нивото на безбедност на највисок степен, за што има посебни одбрамбено-сигурносни мерки и методи во музичките релации со нејзиниот сајзерист.

Тогаш нема „циле-миле“, па напатствиата  „милом или силом“ се добиваат пред самата свирка, за да не биде после не ти кажав, не те предупредив…

А Бога ми после вакво „пријателско“ предупредување, сајзеристот 100% цела вечер ќе гледа само во инструментот…  Поглед на дирки и евентуално повремено на пејачката! Во спротивно може да се случи за следната свирка – дајте  друго „дете“!

To top