Емина Јаховиќ веќе подолго време го уредува домот во кој живее со синовите Јаман и Јавуз.
Станот се наоѓа на една од најубавите локации во Истанбул, што било и пресудно убавата пејачка да го поседува. Она што ѝ беше особено важно е да биде и заштитена од љубопитните очи и објективите.
Таа откри дека мебелот не го избрала сама, туку дека за сѐ се консултирала со експерти.
-Пред се, морам да нагласам дека локацијата на овој стан ми беше пресудна бидејќи е блиску до се што ми треба во текот на денот, па можам да одам на повеќе места. За разлика од мојата куќа која беше во природа, а за се ми требаше многу повеќе време – изјавила Емина за „Блиц“ и открила како овој простор ја маѓепсал.
– Во изборот на просторот за живеење пресуден беше и погледот кон Босфорот кој неизмерно ме смирува. Ми се допаѓа минимализмот со допир на елеганција. Мешавина од мермер и дрво како и комбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија во која се чувствувам добро – вели Емина.
Нејзината оаза на мирот е украсена со стил, а со месеци избирала мебел и декорација за се да биде на свое место. Сепак, поголемиот дел од времето го поминува во пространата дневна соба, која е целосно во стакло.
– Ми се допаѓа дневната соба со поглед на море – признала пејачката.
Таа признала и дека не си поиграла со многу бои. Во собите доминираат беж и светло сиви тонови, кои се разбиени со некоја златна рамка. Пространата кујна и трпезаријата доволно зборуваат за тоа дека гостите се добредојдени во нејзиниот животен простор.
Фото: Принтскрин/Instagram/yaemina