Веќе подолго време се шпекулира каков е односот меѓу Лидија Вукиќевиќ и Владимир Томовиќ односно дали се во љубовна врска.
Некогашниот задругар не бил расположен да разговара на таа тема туку само накратко порачал: „На таа тема нема да се огласувам за медиумите. Извинете. Поздрав“.
Сепак, актерката за еден неделен весник го откри каков однос има со Томовиќ.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/te-sakam-lidija-vukikjevikj-i-pomladiot-crnogorec-si-upatija-javni-ljubovni-izjavi-foto/
„Гледам дека од ден на ден сите се изненадени и дека има се поголем број на луѓе кои сакаат да ја дознаат вистината. Владимир го познавам долго време, речиси 10 години. Пријатели сме, многу се сакаме, без никакви инсинуации на машко – женски односи“ вели актерката и додава:
„Подобро да шириме љубов отколку корона. Тоа дека сакам многу помлади мажи затоа што Владо е 20 години помлад од мене, тоа навистина нема да го коментирам“ заклучува Вукиќевиќ.