Пејачката Миа Борисављевиќе е пред породување, кога ќе стане и за прв пат мајка. Таа е веќе го подготвила станот во кој што живее со нејзиниот партнер Бојан Грујиќ, за ќеркичката која наскоро треба да дојде на свет.
Иако прави пауза со пеењето, Миа е активна на социјалните мрежи, па на на своите фанови таа им покажа како изгледа бебешката постела за малечката, која таа и нејзиното момче со нетрпение ја чекаат.
Во меѓувреме, Миа објави фотографија со нејзиниот избраник, во тесен црна фустан, во кој иако нејзиниот труднички стомак е јасно видлив, таа сепак изгледа неодоливо секси… Посекси од половина естрада!
„Што ли бара бремена жена во кафеана?“, се пошегувала Миа на своја сметка, а нејзиниот израз укажува дека едвај чека да ја преземе улогата на среќена и горда мајка.