Радио Милева

Подготвен: Огнен Здравкоски ќе се појави во поинакво издание во „Ѕвездите на Гранд“

Подготвен: Огнен Здравкоски ќе се појави во поинакво издание во „Ѕвездите на Гранд“

Наскоро започнува новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што голем број натпреварувачи од Македонија и регионот ќе имаат прилика да се борат до самото финале и да направат кариера.

Меѓу нив ќе биде и Огнен Здраковски, кој претходната сезона успеа да стигне до петиот круг. Огнен деновиве доби повик од Гранд да учествува и во новата сезона.

https://www.youtube.com/watch?v=Ok5vPHyPFfo

Здравкоски најави дека од септември ќе може да го гледаме во музичкиот натпревар, но во сосема поинакво светло.

Огнен наголемо започна со подготовките, па веднаш го посети својот личен фризер кој се погрижи да му направи нова фризура.

Какви уште промени може да очекуваме од можеби идната „Ѕвезда на Гранд“, останува да видиме во првиот круг.

фото: Фејсбук

To top