Во првиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи и кумановецот Мартинијан Кириловски.
Тој се претстави со песните „Грлица“ од Жељко Самарџиќ и „Параноја“ од Тропико, а за ментор ја одбра Јелена Карелуша.
„Речиси никогаш не давам глас ако не сакам да бидам ментор. Многу си сладок и имаш убава насмевка и за да бидеш ѕвезда мора да те сакаат жени. Знам дека имаш една специфичност и дека пелтачиш, а мене тоа ми е секси“ изјави тогаш Јелена.
Кога станува збор за неговиот стајлинг во „Ѕвездите на Гранд“ тој речиси секогаш се појавуваше во фармерки со кошула или пак фармерки, маичка и џемпер.
Меѓутоа на новото снимање тој се појави во сосема нов стајлинг, односно во црно – бела комбинација, а може да се забележи дека и ослабел.
Мартинијан се пофали за новиот успех во музичкото шоу односно пејачот со сите шест гласови помина директно во третиот круг.
Како Мартинијан ќе се претстави останува да видиме во некоја од следните емисии.