Мегафон

Почнува етно фестивал „Охрид“

Почнува етно фестивал „Охрид“

Со концерт на Александар Јовевски вечер пред платото на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи второто издание на етно фестивалот „Охрид“.

На концертот насловен „Од колено на колено“, како што соопшти организаторот здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, ќе бидат застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, како и женски вокали. Ќе биде збогатен и со клавијатури, перкусии и бас гитара.

На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне“, „Ајде мала Стана болна легна“… Ќе бидат избедени и шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз и тоа: „Tамбурски вез“, „Кавал гали“, „Игра на инструментите“, „Длабочина“, „ЈовАнина“ и „Александров танц“, стои во информацијата.

Организатор на етно фестивалот „Охрид“ е здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, а поддржан е од Оштина Охрид. Влезот е слободен.

извор:ohridnews.com

To top